Капело за црвениот картон на дуелот Аталанта-Реал: Видовте ли како Зидан се насмевна?

by
1 минути читање

Реал Мадрид синоќа си замина од Бергамо со триумф од 0-1, но натпреварот помина во сенка на инцидентот кој го реши текот на мечот, односно црвениот картон кој го заработи Фројлер.

Многумина сметаат дека фудбалерот на Аталанта не требал да биде исклучен, а слично размислување има и Фабио Капело.

„Разочаран сум, тој не беше последен човек а и Менди одеше на страна, не кон голот. Доволен беше жолт картон. Необјасниво е како судијата се реши за црвен, го уништи натпреварот. И на Зидан не му се веруваше. Дали видовте како се насмевна? Аталанта немаше среќа, но ги чека реванш во Мадрид и се може да се случи. Доволно е да постигнат еден гол и да не примат“ – вели Фабио Капело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани