73
Фудбалерите на Црвена звезда се во Милано каде денеска ќе го играат реванш мечот против Милан во Лига Европа.
Со тимот не е спортскиот директор, Митар Мркела кој е итно хоспитализиран поради коронавирус.
„Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја информира јавноста дека нашиот спортски директор Митар Мркела е позитивен на коронавирус. Тој се чувствува добро и има благи симптоми. Му посакуваме успешно опоравување“, се вели во соопштението на Звезда.