Џака: Критиките кон мене ги прифаќам, но каква врска има моето семејство со тоа?

by
1 минути читање

Гранит Џака не
крие дека добивал навреди кон себе по инцидентот во октомври 2019 година кога
на мечот со Кристал Палас ги загуби нервите и влезе во конфронтација со
навивачите на Арсенал, меѓутоа тој критиките кон него лично ги прифаќа, но
коментарите за неговата сопруга и генерално гледано целото семејство се
неприфатливи.

Доколку објавам
што пишуваат, мислам дека би требало да се одјавам од социјалните мрежи, сите
треба тоа да го сториме
“ изјави Џака.

И претходно
напоменав, тоа ќе го сторам и сега, јас сум тој кој е на теренот, се работи за
мене, а не за мојата сопруга, ниту пак моето дете, моето семејство, така,
доколку сакате да критикувате некого, нема никаков проблем, меѓутоа не треба да
инволвирате други недолжни луѓе кои немаат никаква поврзаност со мојата работа

додаде тој.

Навистина би
посакал да ги сретнам луѓето кои го прават сево ова, да поразговарам со нив,
очи во очи и да ги запрашам зошто го прават ова, ова е неприфатливо според мене,
сево ова го убива фудбалот
“ подвлече Швајцарецот кој притоа истакна дека Микел
Артета е клучниот фактор што на крајот останал во Арсенал по сите тие случувања,
а за Арсенал издвои дека има апсолутна почит како клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани