87
Напаѓачот на
Челси, 23 годишниот Тами Абрахам кој потекнува од младинскиот погон на овој
клуб според информациите кои ги објавуваат англиските медиуми не е отворен за
идејата да потпише нов договор со „Сините“ од Лондон.
Абрахам беше прв
избор во нападот на Челси под кормилото на Френк Лампард, остана во една важна
улога во тимот и под водство на Томас Тухел, меѓутоа неговата минутажа се
редуцира изминатиов период, а одличен е секако и Оливие Жиру кој наводно ќе продолжи
на „Стемфорд Бриџ“.
„Атлетик“ пишува
дека Абрахам не е задоволен со својот моментален статус во тимот, а од друга
страна ниту пак од шпекулациите дека Челси е во трка за потписот на напаѓачот
на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.