Солшер: Во постојан контакт сум со Халанд, ќе видиме што ќе се случи по Борусија Дортмунд

by
1 минути читање

Предводникот на
Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер не крие дека е во постојан контакт со
неговиот сонародник Норвежанец, напаѓачот на Борусија Дортмунд, гол-машината
Ерлинг Халанд кој се поврзува со можен трансфер во редовите на „Црвените ѓаволи“.

Солшер
соработуваше со младиот напаѓач во Молде и имаше обид од негова страна да го
доведе на „Олд Трафорд“, но истиот беше неуспешен откако од Салцбург, Халанд
направи трансфер во Борусија Дортмунд, а сигурно дека не погреши во неговата
одлука.

Сметам дека кога
имате ситуација да некој млад фудбалер поминал покрај вас како тренер,
контактот останува, а вие како тренер постојано ќе го следите неговиот напредок

рече Солшер.

Во постојан
контакт сум со Ерлинг, прекрасно е да се види тоа што стана фудбалер каков што
е денеска
“ додаде тој.

Тој во моментов
е фудбалер на Борусија Дортмунд, ние секако му посакуваме се
најдобро во овие моменти таму, ќе видиме
што ќе се случи потоа
“ заклучи шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×