385
Тотнем во првиот
меч на гостувањето кај Волфсбергер славеше со убедливи 1-4, и со тоа беше со
една нога во осминафиналето од Лига Европа, пласман кој тимот на Жозе Мурињо го
потврди вечерва со победата од 4-0 во реваншот.
Одличен меч имаше
Деле Али кој запиша еден гол и две асистенции во 82 минути кои ги одигра на
теренот, а голот беше вистинска мајсторија на фудбалерот од средниот ред, кој
погоди со ножички.
Во останатите
погодоци на Тотнем, два беа дело на Винисиус, а еден на Бејл.