75
Баерн Минхен оди
по стапките по кои сите очекуваа да оди, синоќа германскиот првак славеше
убедлива победа во Рим против Лацио со 1-4, а со тоа практично со една нога е
веќе во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Дека работите
функционираат беспрекорно во составот на Ханси Флик доволно говори и еден детал
од средбата, каде капитенот Мануел Нојер ја „построи“ ѕвездата Роберт
Левандовски, повикувајќи го да се врати при корнерот на домаќините, овој го
послуша, и не само тоа – туку и му аплаудираше.