Ерлинг Халанд игра во страшна голгетерска форма, па неговото име редовно е дел од трансфер шпекулациите. Се верува дека напаѓачот има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа ќе биде активна дури во 2022 и има клубови на кои не им се чека, па се најавува голема битка веќе летоска.
„Очигледно е дека сите гледаат во Ерлинг потенцијална идна ѕвезда бидејќи она што го прави на негови години, воопшто не е лесно“ – вели Мино Рајола.
„Ибрахимовиќ, Роналдо и Меси се при крајот на кариерите, сите се прашуваат, „Уште колку долго ќе уживаме во нив?“ Сите погледи се вперени во новата генерација и Ерлинг Халанд ќе биде ѕвезда во следната декада“.
„Максимум десет клубови можат да си го дозволат… четири од тие клубови се од Премиерлигата“.
„Мислам дека нема спортски директор или тренер во светот кој ќе рече дека не го сака Халанд“.