Оливие Жиру погоди со совршени ножички но за да биде признаен голот ВАР долго време проверуваше дали е офсајд, нејасно беше кој ја удри последен топката пред таа да дојде до напаѓачот на Челси, дали Маунт или Ермосо.
На крајот добро се заврши за Челси и Жиру, судиите одлучија дека Ермосо играл последен и покажаа на центарот.
„Му реков на Маунт дека него ќе го обвинам доколку ми го поништат голот ако играл последен со топката. Но среќен сум што топката заврши во мрежата, особено што не е офсајд“, на шега вели Жиру.
„Чекањето? Со ВАР секогаш треба да имате верба и да бидете смирени. Долго се носеше одлуката, но беше многу важна одлука. Чудно беше што прославувавме три минути подоцна“.
„Не знаев што да мислам за голот, бев фокусиран само да ја удрам топката со ножички и бев среќен што таа заврши во голот, не гледав дали сум во офсајд, Мејсон Маунт ми рече дека не ја допрел тој топката и му верував“.