Утревечер
Аталанта во Бергамо на домашен терен ќе го пречека Реал Мадрид во првиот меч
помеѓу овие две екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите, а домаќиноте,
според букмејкерите е благ фаворит, најмногу поради проблемите со повредите со
кои се соочува шпанскиот гигант.
Шефот на
стручниот штаб на „Кралевите“, Зинедин Зидан и покрај проблемите во тимот,
очекува победа на утрешното гостување, додавајќи дека нема да се задоволи со
реми.
„Сите фудбалери
се важни, а секој тренер си има сопствени ресурси, добро си ги познаваме нашите
квалитети, нашата сила, ќе се обидеме да го искористиме тоа што ни е на
располагање, се подготвивме добро за овој меч, јас нема да се задоволам со
реми, ќе играме на победа“ рече Зидан, а потоа упати и пофалби за противникот.
„Немаме некои
посебни познавања за нашиот противник, едноставно треба да ја играме нашата
игра, но истовремено и да се адаптираме на играта на Аталанта, тие негуваат
доста офанзивен фудбал, сличен со Ајакс пред неколку години, имаат неверојатно
добри индивидуалци, доста солидна екипа, а јас очекувам добар натпревар“ додаде
Французинот.