Мурињо не е загржен што го има најлошиот учинок во својата кариера: Му благодарам на Бог што не сум тренерот кој бев

by
1 минути читање

По поразот од Вест Хем во неделата, Жозе Мурињо има 81 бод од 50 првенствени натпревари на кормилото на Тотнем, што е најлош учинок во неговата кариера. Се шпекулира дека неговото столче се тресе и доколку резултатите не се подобрат во следните десетина дена, „специјалниот“ би можел да добие отказ.

„Му благодарам на Бог што не сум тренерот кој бев. Веројатно немаше да бидам толку смирен, самоуверен и да ги контролирам емоциите. Понекогаш во мојата кариера имав проблеми кои не беа поврзани со резултатите, знаете дека не сум имал многу лоши серии. Мислам на проблеми што настануваат како резултат на секојдневна работа, и претходно реагирав на емоционален начин. И наместо да си помогнам на самиот себе и на луѓето околу мене, јас креирав конфликти. Ќе ви дадам пример, го напуштив Челси како шампион. Бев шампион и го напуштив Челси“ – вели Жозе Мурињо.

„Кога имате поголемо искуство, пдобро се справувате со негативните моменти. Смирен сум, ги контролирам емоциите. Секако, не можам да променам одредени работи, секако дека не сум среќен кога ќе загубиме, но помага тоа што созревате“.

„Верувам дека ќе се подобриме и верувам дека ќе бидам впишан во историјата на Тотнем поради добри работи, а не поради лоши“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани