„Фантази“ лудило: Астон Вила им забрани на своите фудбалери да се натпреваруваат по случајот со Грилиш

by
2 минути читање

Астон Вила
изминатиов викенд загуби на домашен терен од Лестер со 1-2, а домаќините беа
тотално немоќни против „Лисиците“, а се докажа дека отсуството на првата ѕвезда
Џек Грилиш може да донесе проблеми во играта.

До моментот кога
беше објавен почетниот состав на обете екипи за таа пресметка јавноста немаше никакви
информации поврзани со Грилиш и неговото можно отсуство, сето тоа се сведе на
шпекулации воглавно на социјалните мрежи.

Неколку членови
на Астон Вила беа „уловени“ како го тргнале Грилиш од сопствените тимови на „Фантази“,
меѓу кои фудбалерите Таргет, Хурихејн, Тејлор, како и членот на стручниот штаб
Скот, односно физиотерапевтот Роб.

Шефот на
стручниот штаб на Астон Вила, Дин Смит се пожали дека таквата информација која
кружеше низ социјалните мрежи му дала предност на Лестер, за денеска, според
информациите кои ги објавија англиските медиуми, Премиерлигашите дури и да
одржат состанок на темата околу тоа дали е прифатливо фудбалерите да бидат дел
од платформата на „Фантази“.

Што се однесува
пак до Астон Вила, овој клуб им забрани на своите фудбалери да се
натпреваруваат на „Фантази“, која инаку брои над осум милиони натпреварувачи
ширум целиот свет, од кои над десет илјади се од Македонија.

Нешто слично на
темата со Грилиш, капитенот на Лидс, Лијам Купер го тргна од својот тим
соиграчот и наш репрезентативец Езгјан Алиоски за гостувањето кај
Вулверхемптон, за потоа популарниот „Џани“ да се најде на клупата за резерви во
минималниот пораз во петокот.

Алиоски инаку
беше стартер на претходните 17 меча во тимот на Марсело Биелса, а сево ова
доведе до загриженост кај клубовите кои извесно е дека ќе побараат радикални
промени и целосна забрана за своите фудбалери да се натпреваруваат на „Фантази
Премиерлигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани