Жота се враќа против Шефилд Јунајтед?

by
1 минути читање

Диого Жота полека
но сигурно се враќа на располагање на Јирген Клоп, откако Португалецот успешно
ја помина рехабилитационата фаза, а ги одработи и полесните тренинзи, со што се
верува дека ќе му биде на располагање на Клоп за гостувањето кај Шефилд
Јунајтед претстојниов викенд.

На Островот
наведуваат дека по два и пол месечна пауза, Жота конечно би можел да се врати
на терените, а уште оваа седмица ќе започне со целосни тренинзи за Ливерпул,
што е добра вест за „Редсите“ кои никако да ги решат проблемите со повредите,
откако последниот во низата е Џордан Хендерсон.

Жота се повреди
во ремито против Митјиланд со 1-1 во Лигата на шампионите, од тогаш па наваму
пропушти дури 17 натпревари во сите конкуренции, а „Редсите“ добија само шест
од тие пресметки, а дури седум порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×