386
Голманот на
Милан, Џанлуиџи Донарума се одзва по поразот од Интер во Серија А, наведувајќи
дека тој и неговите соиграчи точно знаат кои се и каде посакуваат да бидат,
повика на сплотеност, алудирајќи на тоа дека ништо не е загубено.
„Ние точно знаеме
кои сме, и каде посакуваме да бидеме, сите заедно, како што е вообичаено,
напред Милан“ напиша Донарума на социјалните мрежи.
21 годишниот
голман останува во преговори со Милан за продолжување на соработката со овој
клуб, а неговиот агент Мино Рајола се шпекулира дека посакува во новиот договор
да биде вметната откупна клаузула во висина од 40 милиони евра.