Евертон за прв
пат по 1999 година славеше на Енфилд, вечерва со 0-2 го совладаа Ливерпул во
дербито на Мерсисајд. Победата беше осигурана во финишот од мечот со сомнителен
пенал откако Калверт Луин се сопна од Александер Арнолд.
Од ВАР собата му
согерираа на судијата Крис Каванаг дека
треба уште еднаш убаво да го погледне инцидентот, но делителот на правдата не
ја промени одлуката и покажа на белата точка.
„Чим сите ме
прашувате за пеналот, сите мислите дека немало пенал. Но тоа не е важно,
судијата мислеше дека е пенал“ – вели Јирген Клоп.
„Сакав да разговарам
со него по крајот на првото интервју, но не го начекав, си заминал“.
„Сакав само да го
прашам што виде бидејќи кога ќе добиете повик од ВАР очигледно се работи за
сомнителна ситуација а тој се задржа само една секунда пред мониторот“.
„Очигледно виде
нешто што ние другите не видовме. Не ги гледав повторените снимки, но сите ми
го рекоа истото, „како ова може да биде пенал?““