Ливерпул е во тешка криза, ваква црна серија немале 98 години (ФОТО)

by
1 минути читање

Победата над РБ
Лајпциг во Лигата на шампиони на момент ја врати добрата атмосфера во Ливерпул,
но вечерва избраниците на Јирген Клоп одново беа поразени. Во дербито на
Мерсисајд, Еверто славеше со 0-2, за прв пат го совлада градскиот ривал по 2010
и за прв пат победи на Енфилд по 1999 година.

Очигледно
избраниците на Јирген Клоп се во тешка криза и Енфилд повеќе не е неосвоива
тврдина. „Црвените“ три години не знаеја за пораз на домашен терен во Премиерлигата, а сега
имаат четири во низа, црна серија каква што немаат од далечната 1923 година.

Титулата е
изгубена, но виси и топ четири пласманот, Јирген Клоп мора што побрзо да ги
консолидира своите редови или Ливерпул ризикува да остане без настап во Лигата
на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани