„Бејл се пензионираше пред две години!“

by
1 минути читање

Зинедин Зидан
минатата сезона не сметаше многу на Герет Бејл, па играчот оваа сезона се врати
во Тотнем на позајмица. Иако пристигна како големо засилување, повторно добива
малку шанси за настап и Жозе Мурињо поголема доверба има во други играчи.

Герет Бејл исто
така често добива критики, па неговиот агент оваа недела скокна во одбрана,
порача дека Велшанецот никому ништо не треба да докажува бидејќи има четири
титули во Лигата на шампионите и заработено многу пари  Тој исто така додаде дека фудбалерот е на
крајот од кариерата.

Ваквите коментари
не му се допаднаа на поранешниот фудбалер Тони Каскарино, кој сега работи како стручен
коментатор.

„Не ми се
допаднаа коментарите на неговиот агент, тоа дека Герет е практично пред пензија
и при крајот на кариерата. Како би се чувствувале неговите соиграчи од соблекувалната?
Сигурно се викаат, „изгледа тој дојде тука да се подготви за пензија“. Да,
Герет ништо не кажа, ова е само неговиот агент, но ставете се на местото на
Даниел Леви или Жозе Мурињо, сигурно ќе помислите, „игрчов дојде тука малку да
одмори и да ужива““
– вели Каскарино.

„Судејќи по
начинот на кој игра, би рекол дека Бејл се пензионираше пред две години“.

„Што се однесува до
парите кои ги има заработено, точно е дека има заработено многу, но и тоа е проблем
за соблекувалните. Останатите играчи ќе си мислат, „сакаме да освојуваме трофеи
и за тоа ни е потребен стартиот Герет Бејл кој пред три години ја освои Лигата
на шампионите со Реал Мадрид“. Не ги интересира колку пари тој заработил“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани