Неодамна беше објавено
дека еден од Килијан Мбапе или Елинг Халанд ќе се пресели во Реал Мадрид,
Французинот е прва желба но доколку остане во ПСЖ, „кралевите“ ќе го купат
Норвежанецот.
Двајцата
фудбалери имаа одлични изданија на шпанско тло оваа недела, Килијан Мбапе и
даде три гола на Барселона а Ерлинг Халанд два пати ја тресеше мрежата на
Севиља.
Па на денешната
прес конференција, новинарите го запрашаа Зинедин Зидан да направи избор и да
одбере еден од двајцата.
„Мбапе или
Халанд? Нема да одговорам на ова прашање но можам да кажам дека двајцата се
сегашност и иднина. Често гледам фудбал и како сите фанови, сакам да гледам
убави партии. Двајцата се многу добри, двајцата се многу млади“ – вели Зизу.
За играта на
неговиот сонародник на Камп Ноу, тој додава: „Неговиот настап беше фантастичен,
ми се допадна тоа што го видов, но поради убавината на фудбалот“.