Хамес Родригез минатото
лето го напушти Реал Мадрид и потпиша за Евертон, Колумбиецот се прикажа во
одлично светло на почетокот од сезоната и како големо засилување за
„карамелите“.
Но неговата
авантура во Мерсисајд може да биде кратка, се шпекулира дека тој размислува да
си замине по само една година, лошото време и цврстите стартови во
Премиерлигата го бркаат од „островото“.
Сепак, Карло
Анчелоти вели дека Хамес Родригез е среќен.
„Хамес е добро,
нема проблеми, разговарам со него секој ден. Среќен е тука, мотивиран е. Имаше
ситни проблеми на последните неколку натпревари со листот на ногата, но сега е
целосно фит“ – вели тренерот на Евертон.
„Не знам дали се
жали за времето и климата, точно е дека тие не се најдобри, но има многу други убави
работи во овој град“.