205
Борнмут е без тренер откако пред две недели го отпушти Џејсон Тиндал.
Англискиот клуб кој се бори за враќање во Премиерлигата, сака Тјери Анри да биде нивниот нов тренер.
Џонатан Вудгејт во моментов е привремен тренер и тој има три победи од четири натпревари, а ќе го води тимот и против КПР во сабота.
И покрај неговите одлични резултати, раководството на Борнмут, сака Анри да биде нов тренер, а Вудгејт веројатно ќе остане во стручниот штаб.
По лошата авантура во Монако, Анри се пресели во Монтреал каде имаше добри резултати и покажа дека во иднина може да биде врвен тренер, но вистинскиот тест сепак е во Европа.