Герет Бејл синоќа го имаше најдоброто издание во дресот на Тотнем откако асистираше за гол на Сон, а подоцна и самиот тој се запиша во листата на стрелците.
„Имам навистина близок однос со него. Многу сум среќен што доби време и постигна гол и имаше асистенција, навистина уживам да играм со него“, вели Сон за Бејл.
А Бејл е среќен порад погодокот и се надева дека Тотнем ќе почне серија победи.
„На овој меч целта ни беше да постигнеме колку што е можно повеќе гола и да ја зголемиме самодовербата“, вели Бејл.
„Јасно е дека не победивме на многу натпревари во последно време и тоа ни влијаеше на губење на самодовербата. Се надевам дека сега ќе почнеме добра серија“.
„Добро беше што постигнав гол. Ја вратив топката и ја шутнав. Беше убаво да се запишам во листата на стрелците и да му помогнам на тимот“.
„Добро е кога ќе се постигнат четири гола на гостински терен, но реваншот треба да го почнеме како да е 0-0“.