Манчестер
јунајтед со една нога е во осминафиналето од Лига Европа откако во првиот меч
кај Реал Сосиедад славеше со убедливи 0-4, а предводник во победата на „Црвените
ѓаволи“ беше Фернандеш со два погодоци, одлично издание имаше и Рашфорд кој
запиша еден погодок.
Гол серијата за
гостите ја започна токму Фернандеш во 27 минута, а во второто полувреме, во 57
минута истиут фудбалер веќе зголеми и на 0-2 со што победата за гостите се
надзираше.
Рашфорд во 65
минута зголеми на 0-3, а Џејмс во самата завршница ја потврди убедливата победа
поставувајќи ги конечните 0-4 од оваа пресметка.
Од останатите
натпревари, ја бележиме победата на Динамо Загреб кај Краснодар со 2-3, а
нашите интернационалци Стефан Ристовски и Аријан Адеми ги одиграа сите 90
минути во победата на хрватскиот претставник.
Милан испушти победа во самата завршница од гостувањето кај Црвена Звезда и ремизираше со 2-2, Рома извојува победа кај Брага со 0-2, а
сигурен на гостувањето кај Волфсбергер беше Тотнем кој славеше со 1-4.
Резултати:
Динамо Киев –
Бриж 1-1
Брага – Рома 0-2
Црвена Звезда –
Милан 2-2
Краснодар –
Динамо Загреб 2-3
Олимпијакос – ПСВ
4-2
Реал Сосиедад –
Манчестер јунајтед 0-4
Славија Прага –
Лестер 0-0
Волфсбергер –
Тотнем 1-4
Јанг Бојс – Баер Леверкузен
4-3
Од 21 часот се
среќаваат:
Антверпен –
Ренџерс
Бенфика – Арсенал
Гранада – Наполи
Лил – Ајакс
Макаби Тел Авив –
Шахтер
Молде – Хофенхајм
Салцбург –
Виљареал