ПСЖ му одржа
лекција по фудбалски час на Барселона, и тоа на Камп Ноу, совладувајќи ги
Каталонците со убедливи 1-4 во првиот меч помеѓу овие две екипи во
осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.
Поранешниот
фудбалер и легенда на Барселона, Ривалдо, базирајќи се на тоа што го увидел од
мечот во Лигата на шампионите, смета дека ќе биде дополнителен стимул за Меси
да размислува да му се приклучи на францускиот првак, тој додава дека
Аргентинецот и повеќе од веројатно е дека веќе размислува на такво сценарио.
„Ова можеби беше
последниот меч на Меси во Лигата на шампионите во дресот на Барселона на Камп
Ноу, со оглед на огромниот квалитет кој ПСЖ го прикажа на теренот, јас сум
сигурен дека тој веројатно веќе размислува околу тоа да се приклучи на оваа
екипа“ рече Ривалдо.
„Навистина сакам
Меси да остане во Барселона, но имам целосно разбирање зошто би сакал да си
замине во моменти кога клубот не му гарантира добри шанси за титули, тој не
може постојано да го носи сиот тим на свој грб, ланското лето сите видовме, а
воедно и самиот Меси, како Атлетико Мадрид доби огромен квалитет дополнително
со Луис Суарез“ додаде Бразилецот.
„Верувам дека
Меси на крајот од сезоната ќе си замине…“ заклучи Ривалдо.