Голманот на
италијанскиот првак Јувентус, Џанлуиџи Буфон употреби еден израз кој не наиде
на позитивни реакции на натпреварот против Парма, а тоа го повтори и на дуелот
со Интер во купот, снимките посведочиле за тоа, а случајот веќе доби разрешница,
по што голманот повторно е казнет.
Како што
известуваат во Италија, Буфон е парично казнет со 5,000 евра, а ова не е
единствен ваков случај во фудбалска Италија, откако претходно за истото беа
вклучени и фудбалерот на Рома, Брајан Кристанте, како и Мануел Лазари од Лацио
кои беа суспендирани.
Во Италија за
богохулење го сметаат секој збор од најлош тип на пцовки на италијански јазик,
а повеќе фудбалери беа „уловени“ од камерите во текот на пандемијата од коронавирусот
поради фактот што натпреварите се играат без публика, па лесно е истите да се
идентификуваат.