Пирло: Судијата требаше да има храброст да свирне пенал иако натпреварот беше завршен!

by
1 минути читање

Во последните
мигови од мечот помеѓу Порто и Јувентус, Заиду несмасно стартураше и го собори Роналдо
во шеснаесетникот. Судијата не досуди ништо и кратко по инцидентот означи крај
на натпреварот.

Најголемиот дел
од стручните коментатори ширум Европа беа убедени дека имало пенал а исто
мислење дели и Андреа Пирло. Тренерот на „старата дама“ исто така додава дека
судијата требал да има храброст и да покаже на белата точка иако натпреварот
бил завршен.

„Мене ми се чини
дека имаше пенал. Судијата ни даде објаснување и ни кажа дека мечот е завршен и
затоа не сака уште еднаш да ја погледне ситуацијата на мониторот крај теренот.
Ова е чудно, бидејќи се работи за шанса која може многу да го промени
резултатот“
– вели Пирло.

„Иако натпреварот
е завршен, судијата треба да има храброст да ги погледне повторените снимки и
да досуди пенал“.

Со ВАР можна е една ваква ситуација, во германската Бундеслига, на дуелот Мајнц-Фрајбург, судијата означи крај на првото полувреме, играчите се упатија кон соблекувална, па судијата ги врати назад на терен бидејќи ВАР забележа играње со рака и пенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×