Уште едно име на долгата листа „за малку“, Венгер раскажа како Мбапе требал да пристигне во Арсенал за беспари

by
1 минути читање

Килијан Мбапе,
кој постигна хет-трик во вторникот против Барселона, често е дел од трансфер
шпекулациите. Младиот Французин е дамнешна желба на Флорентино Перез и Реал Мадрид,
„кралевите“ се надеваат дека играчот нема да стави потпис на нов договор и тие
ќе можат да го купат летсока.

И додека се чека
одлуката на играчот, Арсен Венгер откри дека малку фалело Килијан Мбапе да се
пресели во Арсенал.

„Бев во неговиот
дом, тој се двоумеше дали да го продолжи договорот со Монако или да замине.
Можеше да дојде во Арсенал за беспари“
– вели поранешниот тренер на „топчиите“.

„Но сигурен сум
дека во секој клуб има многу вакви приказни“.

Другите клубови
ретко зборуваат за вакви работи, но она што до сега го има кажано Арсен Венгер, листата „за
малку“ во Арсенал е прилично долга а на неа има имиња како Лео Меси, Кристијано
Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и уште многу други.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×