Од професори на Харвард за одбрана, дефанзивата на Јувентус сега служи за потсмев и мајтап (ФОТО)

by
1 минути читање

Со Џорџо Кјелини
и Леонардо Бонучи во срцето на дефанзивата, противниците често имаа мака против
Јувентус. Пред неколку години, Жозе Мурињо изјави дека Кјелини и Бонучи можат
да предаваат на Харвард за игра на стопери.

Но ситуацијата не
е таква оваа сезона, Кјелини и Бонучи поради честите повреди не играат на
највиско ниво, младите Де Лихт и Демирал имаат уште многу да учат, па
дефанзивата на „старата дама“ сега служи за потсмев и мајтап на социјалните
мрежи.

Бетанкур со катастрофална
грешка му подари на Порто водство, а за вториот гол, Марега прими топка во
моменти кога имаше дури седум играчи на Јувентус во шеснаесетникот и без многу
мака го совлада Шчесни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×