417
Со гол на Барди, Леванте дојде до бод против лидерот во Примера, му откина два бода на Атлетико Мадрид и ги израдува Реал и Барса.
„Пресреќен сум за голот, долго време не играв, среќен сум што освоивме бод против лидерот. Ова беше тежок натпревар затоа што претходно загубивме дома, покажавме дека можеме да се надигруваме со најдобрите“, изјави Барди по мечот.
„Атлетико е тим преполн со квалитет, тим кој ве тера да се браните. Во првото полувреме не ја имавме топката во посед, но во вториот дел се поправивме. Мислам дека завршивме добра работа“.