Антонио Рудигер
беше во центарот на вниманието по низата прашања кои се отворија за отказот на
Френк Лампард од клупата на Челси, по што дојде Томас Тухел на таа позиција, а
германскиот фудбалски стопер се наведуваше дека не се согласувал со својот екс
тренер и го предводел „бунтот“ против него.
Дефанзивецот за
момент ги демантира шпекулациите околу наводните несогласувања со Лампард,
наведувајќи дека не би продолжил да игра за Челси доколку немал почит кон
својот довчерашен тренер.
„Доколку јас бев
толку анти-Лампард, зошто бев на терените под негово водство во последните
натпревари?“ запраша Рудигер во изјавата за „Билд“.
„Сево ова нема
никаква смисла, Лампард беше почитуван во клубот, беше почитуван од навивачите,
перцепцијата дека сум бил против него веројатно се сведува на минутажата која
ја добивав околу почетокот на сезоната, кога јас воопшто не бев ниту во
составот“ додава тој.
Рудигер запиша 35
настапи во дресот на Челси под кормилото на Лампард, а неговото место за момент
беше преземено и од страна на Курт Зума кој своевремено се покажа како одлично
решение за таа позиција.