Почетни состави: Кулушевски во друштво на Роналдо во нападот на Јувентус (ФОТО)

by
1 минути читање

Порто на домашен
терен го пречекува Јувентус, а Севиља го пречекува составот на Борусија
Дортмунд, обата меча се играат со почеток од 21 часот, а имаме можност да ги
проследиме почетните состави.

Порто и Јувентус
ќе играат во идентична формациска поставеност од 4-4-2, а тоа што се најавуваше
во почетниот состав кај „Старата дама“ се оствари, „нашинецот“ Дејан Кулушевски
ќе почне од првата минута, а покрај него и Американецот МекКени.

Што се однесува
пак до дуелот помеѓу Севиља и Борусија Дортмунд, домаќините нешто поофанзивни (4-3-3)
во поглед на формациската поставеност од гостите (4-3-2-1).

Кај домаќините ќе
напаѓаат Сусо, Ен-Несири и Гомез, кај „Милионерите“ пак главна опасност кон
противничкиот гол ќе биде Халанд, нешто поназад ќе му помагаат Санчо и Ројс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×