Анри седнува на клупата на Борнмут?

by
1 минути читање

Тијери Анри се
наведува како главен кандидат за преземање на кормилото на Борнмут, екипа која
ланската сезона испадна од Премиерлигата и се пресели во понизок ранг, а во
моментов францускиот фудбалски стратег го предводи американски Монтреал.

По отказот за
Џејсон Тиндал, во Борнмут ги разгледуваат сите можни опции, а освен Анри, се
споменуваат дури и неговиот поранешен соиграч од Арсенал, Патрик Виеира, како и
екс членот на Челси, Џон Тери, кој моментално му е асистент на Дин Смит во
Астон Вила.

„Спортсмејл“
објави дека контактиран бил и Френк Лампард кој остана без ангажман по отказот
во Челси, меѓутоа тој наводно посакувал да одмори од тие обврски, а дури потоа
да му се врати на тој ангажман.

Што се однесува
пак до Борнмут, оваа екипа со 46 бода по 29 одиграни меча се наоѓа на шестата
позиција на табелата во Чемпионшип, односно на позиција која носи плеј-оф за
место во Премиерлигата, заостанува 12 бода зад лидерот Норич.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×