Денот кога Барса одлучи да не го купи Мбапе: Што има постигнато тој?

by
1 минути читање

Килијан Мбапе синоќа блесна на Камп Ноу, постигна хет-трик и практично ја елиминираше Барселона од Лигата на шампиони. Работите можеа да бидат поинакви доколку „каталонците“ во 2017 одлучеа да го донесат Французинот во своите редови.

Барселона бараше замена за Нејмар, агент (Жозеп Мариа Мингеља) близок до раководството го договорил Килијан Мбапе за 130 милиони евра, плус додатни 25 милиони во бонуси, но на крајот било одлучено да се ангажира Осман Дембеле.

Жуниор Мингеља, син на агентот Жозеп Мариа Мингеља, за медиумите од Шпанија рече: „Можам да потврдам. Приказната е вистинита. Мојот татко знаеше дека Нејмар се има договорено со ПСЖ и дека ќе се пресели во Париз. Директорите или не знаеја или не сакаа да веруваат. Не сакаа да превземат ништо додека заминувањето на Нејмар не биде официјално, и кога Нејмар замина, претседателот и неговите соработници почнаа да бараат замена. Имаше многу сомнежи за тоа кој играч да биде ангажиран, и многумина веруваа дека Дембеле подобро ќе се вклопи во стилот на игра отколку Мбапе. Некои дури велеа дека Мбапе е дух и дека нема постигнато ништо“.

„Се беше договорено, требаше да биде купен за 130 милиони евра, плус додатни 25 милиони евра во бонуси. Мбапе требаше да има плата помеѓу 10 и 16 милиони евра“.

Тоа лето, Барселона го купи Дембеле за 105 милиони евра, плус додатни 40 милиони евра во бонуси. Килијан Мбапе пак заврши во ПСЖ за 145 милиони евра, плус додатни 35 милиони евра во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×