Пике експлодираше па се закачи со Гризман, летаа пцовки и навреди (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона синоќа загуби дома од ПСЖ со 1-4 и се соочува со елиминација од Лигата на шампиони. „Светците“ беа супериорни, па тоа донесе нервоза кај одредени играчи.

Пред крајот на првиот дел, при резултат 1-1, Жерард Пике ескплодираше и ги нападна соиграчите.

„Задржете ја топката, ниту еден е*ан долг посед, ајде!“ – викаше Пике.

На Гризман не му се допадна ова па одговори: „Смири се, престани да се дереш“.

Но тоа само дополнително го налути дефанзивецот: „Е*и се Гризи, се мачиме, не пртискаат пет минути. Трчаме како луди“.

Напаѓачот му врати: „Е*и се и ти, и јас трчам како луд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×