УЕФА ја одби
понудата од страна на Израел, за оваа земја да биде организатор на претстојното
Европско првенство кое поради пандемијата со коронавирусот наместо лани, ќе се
одржи на лето, а истото ќе биде одиграно низ 12 европски градови.
Се’ поизвесно е дека навивачи нема да има на
трибините од европскиот турнир, иако постои надеж за тоа да се промени, меѓутоа
истата е минимална, а Израел, кој е лидер на глобално ниво во поглед на
вакцинацијата за заштита од коронавирусот се наведе како добра солуција на
прашањето со навивачите.
Од Израел
понудиле да бидат користени три нивни стадиони, а со можност и за присуство на
публика на натпреварите, а освен за Европското, од таму понудиле и да бидат
домаќини на завршницата од Лигата на шампионите, како и Лига Европа, но сите
нивни предлози се одбиени.