313
Во последниот натпревар од 24 коло во Премиерлигата, Челси на Стемфорд Бриџ го совлада Њукасл со 2-0 и се врати во местата кои носат настап во Лигата на шампиони.
Жиру покажа дека Њукасл му е еден од омилените противници, влезе во игра во 20. минута и во 31. минута донесе предност од 1-0. За Французинот, ова беше 100-от натпревар на кој влегува од клупата.
На пет минути до крајот на првиот дел, Тимо Вернер конечно сави крај на постот. Германецот убаво се снајде по еден корнер и донесе 2-0. ВАР проверуваше за офсајд, а откако судијата даде знак дека голот е регуларен на напаѓачот му падна камен од срце бидејќи 100 дена немаше дадено гол во Премиерлигата.