Лингард се пожали дека не добил шанса од Солшер за докажување

by
1 минути читање

Џеси Лингард се
чини дека се пронајде себе си во Вест Хем под кормилото на Дејвид Мојс, а во
редовите на „Чеканите“ премина како позајмен до крајот на актуелната сезона,
тој тврди дека бил и повеќе од потребното подготвен во Манчестер јунајтед,
меѓутоа се пожали на тоа дека не добил вистинска шанса од Оле Гунар Солшер,
особено по паузата која настана поради пандемијата со коронавирусот.

Имав убав период
со Мурињо, добив повик за настап на Светското првенство, а сезоната кога дојде
Оле почна добро за мене
“ изјави Лингард.

Добив прилика на
повеќе натпревари каде почнував да се пронаоѓам во својата форма, потоа се
вратив како еден од најподготвените во тимот, по паузата поради пандемијата, но
не ја добив шансата која ја посакував, која ја чекав, чекав, но не дочекав,
дури и тренирав повеќе од предвиденото за да бидам на високо ниво во поглед на
кондицијата
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×