Клоп одговори на гласините дека заминува од Ливерпул

by
1 минути читање

Клоп минатата сезона му ја донесе титулата во Премиерлигата на Ливерпул за која чекаа 30 години, а претходно со црвените ја освои Лигата на шампионите. Но оваа сезона рабоотите се поинакви, тимот се мачи со формата и не само што не се бори за одбрана на трофејот, туку ризикува и да не заврши во топ четири доколку не ја поправи формата.

Се појавија шпекулации идека Клоп би можел да си оди, но тој вели дека тоа не е вистина.

„Дали добив отказ или сам си заминав? Ни едното, ни другото. Не ми е потребна пауза. Сме имале тежок период и претходно кој траел и подолго, но секогаш сме се справувале како фамилија“, вели Клоп.

„Имам 53 години и долго работам во фудбалот, па можам да се исклучам од сите надворешни влијанија. Никој не треба да се секира за мене“.

„Искрено, полн сум со енергија. Ова го гледам како интересен предизвик. Ќе го решиме играјќи фудбал, ќе го решиме борејќи се со сите сили. Тоа е планот“.

„Во моментов многу луѓе не се среќни со резултатите. Го сфаќам тоа, но јас сум одговорен за тоа. Тоа е голем предизвик. Подготвен сум, момците се подготвени  ќе дадеме се што можеме за да го решиме тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×