Изминативе денови се пишуваше дека Серхио Рамос и Реал Мадрид би можеле да пронајдат компромис и дефанзивецот да остане на „Бернабеу“.
Најпрво се појавија гласини за телефонски повик помеѓу Флорентино Перез и Серхио Рамос, а потоа на дуелот со Валeнсија, капитенот беше уловен на средба со лидерите на клубот во ВИП ложата и разговор со генералниот извршен директор Хозе Анхел Санчез.
Сепак, новинарот Жозеп Педрерол вели дека ништо не е променето, Серхио Рамос заминува по крајот на сезоната.
„Серхио Рамос заминува од Реал Мадрид. Мислам дека нема никакви шанси тој да остане. Нема назад. Реал Мадрид верува дека ова е факт и верува дека Рамос заслужува да потпише за било кој клуб кој може да му даде последен голем договор пред крајот на кариерата“ – вели Педрерол во емисијата „Ел Чирингито“.
„Во овие услови, Реал Мадрид нема да му понуди повеќе пари“.