На Одегард му се допадна во Арсенал, не знае дали ќе се врати во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Вчерашниот натпревар против Лидс беше првиот на кој Одегард беше стартер, на неколкуте претходни влегуваше од клупата.

22-годишниот фудбалер беше одличен, Артета е задоволен од него, но и тој самиот е среќен.

„Се адаптирам добро. Начинот на кој бев пречекан во тимот и како ме третираат тренерот и сите во клубот ми помогна од првата минута тука. Се чувствувам комфорно, ми беше лесно да се почувствувам дека сум дел од тимот. Горд сум што сум тука и што сум дел од овој тим“, вели Одегард.

Запрашан за неговата иднина, Одегард рече: „Никогаш не се знае што може да се случи. Засега сум фокусиран да го дадам најдоброто оваа сезона и да му помогнам на тимот колку што е можно повеќе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×