Леви на два ума, во договорот на Мурињо нема клаузула, отказ ќе значи богата исплата за Португалецот

by
1 минути читање

На средината од декември, Тотнем беше прв на табелата но со само две победи од следните девет натпревари, „спарси“ сега имаат 17 бода заостанување во однос на лидерот Манчестер Сити. Клубот од Северен Лондон може да се збогува со битката за титулата, а ќе имаат мака и да обезбедат топ четири финиш.

Слабите резултати не се единствениот проблем, Жозе Мурињо често е критикуван и за стилот на игра и дефанзивниот пристап, како и за начинот на кој се справува со Герет Бејл и Деле Али, па се говори за негов отказ.

Според пишувањата на Атлетик, во договорот на „специјалниот“ нема клаузула за прекин на соработката, па доколку Тотнем реши да се раздели со тренерот, ќе треба да му плати богата комензација.

Жозе Мурињо има договор до 2023 година и плата од околу 15 милиони фунти по сезона, па Тотнем нема да брза со одлуката, Даниел Леви ќе му даде време да го врати клубот на прав пат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×