176
Манчестер Сити тргна лошо во новата сезона, но откако го загуби мечот со Тотнем работите тргнаа фантастично за нив, отогаш до сега редат само победи и сега се осамени на врвот во Премиерлигата.
„Имавме лоши моменти оваа сезона, бевме 12. на табелата, имавме пет бода помалку од Тотнем“, вели Гвардиола.
„Тие беа лидери на табелата кога загубивме таму. Сега имаме 17 бодови повеќе од нив“.
„Тоа е показател колку сме биле константни и како ја свртевме ситуацијата. Тоа покажува многу“.