1,9K
Артета не е импресиониран само од играта на Давид Луиз, туку и од неговото влијание врз помладите фудбалери. Го смета за еден од клучните играчи во тимот.
Многумина не го ценат Давид Луиз, но најважно за дефанзивецот е мислењето на неговиот тренер, а тоа веројатно ќе му обезбеди нов договор и продолжување на престојот во Лондон.
Бразилецот има специфичен стил на игра за централен дефанзивец, има и офанзивни карактеристики и тоа му се допаѓа на Артета без разлика што кариерата на Давид Луиз е исполнета и со многу киксови.