170
Во првиот меч оваа сезона меѓу Лидс и Арсенал, Алиоски изнуди црвен картон за Пепе.
Во изјавите пред вчерашниот натпревар напаѓачот на Лидс, Бамфорд изјави: „Знаете што? Алиоски во соблекувалната рече „Не можам да дочекам да дојде недела“. Го прашав зошто? Тој рече „Бидејќи повторно играм против мојот другар Пепе“.
Пепе беше на клупата на Арсенал за вчерашниот натпревар, а Алиоски беше изваден од игра во 54. минута и при излегувањето помина покрај Пепе кој се загреваше крај аут линијата.
Дел од фановите на Арсенал му фатија сеир на Алиоски затоа што излезе од игра по само девет минути игра во вториот дел и помина токму покрај Пепе.




