Уште еден неочекуван резултат денеска во Премиерлигата, Фулам успеа со три бода да си замине од гостувањето кај Евертон.
Домаќините беа голем фаворит, имаа прилика со победа да го прескокнат градскиот ривал Ливерпул и да се сместат во топ четири, но Фулам приреди изненадување и си ги золеми шансите за опстанок.
Гостите одлично го отворја натпреварот, во неколку наврати се заканија и малку фалеше да поведат, но беа непрецизни во завршницата.
Евертон тешко наоѓаше ритам, па одбраната на „карамелите“ попушти на стартот од вториот дел и по една одлична акција, Маџа донесе водство за Фулам од 0-1.
Наместо избраниците на Анчелоти експресно да одговорат, Фулам притисна по втор гол и успеа во тоа. Рид биеше од далечина, Олсен со помош на стативата одбрани, но Маџа прв стигна до одбиената топка и реализираше за 0-2 во 65 минута.
Џош Кинг ја затресе мрежата на Фулам во 78 минута, но голот беше поништен поради офсајд па пропадна добра прилика за враќање во игра.
Резултатот значи крај на една црна серија и прва лигашка победа на Фулам на Гудисон по 1961 година.