Прв хет-трик на Обамејанг во Премиерлигата, Лидс и Алиоски повторно настрадаа во Лондон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лидс и Алиоски повторно настрадаа во Северен Лондон, вечерва загубија од Арсенал со 4-2.

Обамејанг го отвори резултатот во 13. минута, напаѓачот прецизно биеше на поблиската статива за 1-0.

Во 41. минута, гостинскиот голман не знаеше што сака со една вратена топка и на крајот направи пенал врз Сака а Обамејанг од белата точка донесе 2-0.

Пред крајот на првото полувреме, Бељерин ја затресе мрежата за 3-0 и најави убедлива победа за „топчиите“.

На почетокот од второто полувреме, Обамејанг по трет пат се запиша во листата на стрелците и го забележа својот прв хет-трик во Премиерлигата.

Високото водство не ги обесхраби гостите, Струјк намали на 4-1 во 58. минута, а Коста реализираше за 4-2 во 69. минута за возбудлива завршница.

Нашиот Езгјан Алиоски на теренот помина нешто помалку од еден час и беше заменет во второто полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×