Реал Мадрид поголем од повредите, прекрасни погодоци на Бензема и Крос за славје против Валенсија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Зинедин Зидан и денеска имаше многу проблеми при составувањето на тимот, клупата главно беше составена од младинци, но и покрај тоа Реал Мадрид лесно славеше против Валенсија.

Карим Бензема и Тони Крос донесоа триумф од 2-0 и три бода со кои „кралевите“ се вратија на втората позиција на табелата и на -5 во однос на Атлетико.

Французинот го овтори резултатот во 12. минута, прекрасно пласираше по земја од работ на шеснаесетникот.

Во финишот од првото полувреме и Германецот на сличен начин погоди откако од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно по земја крај стативата и не му даде шанса на гостинскиот голман да одбрани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×