220
Барса се загреа за дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони со убедлив триумф од 5-1 над Алавес.
Резултатот го отвори Тринкао по половина час игра, а пред крајот на првиот дел Меси од далечина со помош на стативата донесе 2-0.
Риоха во 57. минута намали на 2-1 но Барса за 80 секунди ги реши сите дилеми. Најпрво Тринкао во 74. минута зголеми на 3-1, за Лео Меси во 75. минута да погоди прекрасно во аголот од 25 метри, голманот на гостите не се помрдна.
Конечните 5-1 беа дело на Фирпо во 80. минута.