Манчестер Сити маршира кон титулата, Гвардиола му се одмазди на Мурињо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем беше последната екипа која го победи Манчестер Сити, тие денеска се појавија на Етихад но не успеаа да го спречат победничкиот марш на граѓаните.

Тотнем имаше голема шанса да дојде во водство во 14. минута, Кејн изведе одличен слободен удар, но топката заврши во стативата.

Брзо потоа Манчестер Сити доби пенал по старт на Хојбјерг врз Гундоган. Сигурен реализатор беше Родри за водство од 1-0.

По пет минути игра во второто полувреме по една одлична акција, Гундоган зголеми на 2-0, а во 66. минута тој погоди уште еднаш за конечни 3-0.

Со оваа победа Манчестер Сити има дури седум бода повеќе од вториот Лестер но и натпревар помалку, а со ист број на одиграни меча има осум бода повеќе од градскиот ривал Јунајтед. Останатите екипи се далеку од тимот на Пеп Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×