171
Баерн Минхен синоќа потврди дека ќе го ангажира Дајот Упамекано од РБ Лајпциг, Французинот има откупна клаузула вредна околу 42,5 милиони евра.
„Биковите“ експресно најдоа замена и го договорија Мохамед Симакан од Стразбур.
Перспективниот дефанзивец е следен од голем број на клубови, минатиот месец се договори со Милан но „росонерите“ не можеа да пронајдат компромис со Стразбур за висината на трансферот, па зделката не се реализираше.
Се говори дека РБ Лајпциг ќе плати 15 милиони евра плус бонуси за услугите на Мохамед Симакан.