Полицијата потврди дека настанот се случил синоќа во 19:35 часот. Крадците гледале домот да биде празен па да влезат и да го ограбат Италијанецот.
Од камерите можело да се види дека тие биле облечени целите во црно, маскирани со црни маски, успеале да го земат сефот, но се изненадиле кога се појавила ќерката на Анчелоти, 36-годишната Катија, по што избегале.
Крадците можеле да направат и поглема штета, но благодарение на ќерката на Анчелоти тоа не се случило, откако тие избегале таа веднаш го пријавила случајот во полиција.

Не е првпат познати личности од фудбалскиот свет да бидат мета на крадци во Ливерпул. Во непријатна ситуација беше и Стивен Џерард кога крадци влегоа во неговиот дом и се заканувале дека ќе му ги киднапираат децата кога сопругата на поранешниот играч на Ливерпул влегла во конфронтација со нив.
Питер Крауч двапати беше мета на крадци во овој град, а еднаш и поранешниот капитен на Евертон, Фил Џагиелка.